[Галерија] Овци пасат во центарот на Скопје

Иако Урбан парк се наоѓа во центарот на Скопје, утрово во него безгрижно си пасеа овци. Паркот е дом на неколку сиромашни семејства, а Општина Центар во неколку наврати најавуваше дека ќе преземе мерки за средување на просторот и решавање на проблемот со луѓето кои живеат овде. Просторот кој е замислен како парк со детски реквизити, од поодамна е полн со смет и нечистотија и е претворен во мини депонија.

Погледнете ги фотографиите снимени денеска, со овците во фокусот.