[Галерија] Необични геј бради

Цветните бради и додатоци се дел од секојдневието на брадестите уметници Brian DeLaurenti и Jonathan Dahl. Дуото од Портланд украсувањето на брадата го кренаа на повисоко ниво, користејќи цвеќиња, пеперутки, сјај, па дури и храна , сето тоа внимателно стилизирани.

На „светот му треба повеќе љубов и смеа” објаснуваат уметниците и се надеваат дека со необичните комбинации на нивните лица ќе донесат радост кај останатите.

Двајцата креативци се на 25-годишна возраст и ги споделуваат на Инстаграм сликите од своите бради , различни за секоја прилика. Погледнете во продолжение дел од овие фотографии: