Ова се некои од најдобрите и најпопуларните парчиња уметност кои во 2015 година се појавија на улиците низ светот, собрани од streetartnews.net.
Најпознат графит, а веројатно и со најдлабока порака е оној на Banksy во Газа, Палестина, насликан минатиот февруари. Британскиот уметник беше многу активен изминатата година со популарната изложба Dismaland и новите дела кои се појавија во Џунглата во Кале, во чест на сириските бегалци.
Треба да се спомене и брилијатното еволуирачко дело The Curious Frontier Of Red на Mobstr, кое се појави во Велика Британија во јуни.