[Галерија] Макро фотографии од најмалите архитекти во природата

Фотографот Ники Беј има особен талент да ги улови исклучително малите структури изработени од инсекти.

Фотографот, инаку од Сингапур, користи макро фотографија за да го потенцира секој најмал детаљ од овие структури кои можат да се сретнат во природата.

Набљудувајќи го „микро светот“ длабоко во дождовната шума, Беј почнал да забележува мали структури изградени од неговите омилени субјекти за фотографирање – инсектите.

„Зградите“ на бубачките изгледаат како да се направени од човечка рака, а фотографот вели дека личат на колиби, шатори или тврдини кои ги штитат инсектите. Изработени се од внимателно избрани и сместени прачки и свила.


Извор: Colossal