Млади уметници, како и веќе докажани артисти, мајстори за тетоважи од земјава и странство се собрани во центарот „Борис Трајковски“ на првата Интернационална конвенција за тетовирање. Уметниците се распоредени на повеќе штандови, а на лице место ги покажуваат своите способности за тетовирање.
Според организаторот „Скопје тату фестивал“, целта е да се задржи младиот и креативен дух на овој простор.
View this post on Instagram
Меѓу другото, артистите денес и утре (25 и 26 мај) конкурираат во неколку категории: мала црно бела 10х10, реализам црно-бел (без портрети), ориентал, маори, old-school традиционална, портрети…
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата на конвенцијата: