[Галерија] Кинескиот футуристички град Ордос – неуспешната Утопија

Пред 15 години, властите во Кина решија да одвојат огромна сума на пари во урбаниот развој на градот Ордос, со цел да создадат нов епицентар на култура, економија и политика. Градот познат и како Карбаши беше планирано да има население од еден милион и да биде познат по неговите архитектонски градби, резиденцијални кули и спортски сали.

Меѓутоа, високите даноци за имот и слабата конструкција ги одалечи луѓето од населување во Ордос. Денес, едвај 100 000 луѓе го нарекуваат овој град свој дом, а поголемиот дел од градот е неискористен.

„Целиот град се чувствува како да е постапокалиптична вселенска станица од некој научно-фантастичен филм“, вели фотографот Рафаел Оливиер, кој своите фотографии од градот ги собрал во серијал насловен „Ордос – неуспешна Утопија“.

Во продолжение, погледнете дел од неговите фотографии направени од градот.