[Галерија] Изложба на фотографии и рециклирани материјали во Тетово

Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово, во Уметничката галерија во Тетово организираше Изложба на фотографии и рециклирани материјали „The pollution needs a solution“ каде беа прикажани 40-тина фотографии (пред и потоа) за практичната примена на неупотребливите материјали и нивното повторно искористување.

„Идејата за изложбата на фотографии и реупотребливи материјали дојди од самите членови на клубот, изучувајќи ги техниките фотографија и реупотреблив дизајн. Преку настанот сакаме да посочиме за практичната примена на старите и неупотребливи материјали во секојдневниот живот, како и за подигување на свеста. Средношколците и студентите сами ја организираа изложбата и преку портрети ја испратија пораката го граѓаните“, вели Бобан Костадиновски, координатор на МОФ Тетово.

Фотографиите беа изработени од членовите на клубот. Покрај тоа беа изложени дел од рециклираните материјали што беа изработени на модулите фотографија и реупотреблив дизајн. На отворањето на настанот настапија учениците од музичкото училише „Тодор Скаловски“ .

Дел од изложените фотографии од портрети погледнете ги во продолжение: