Горјан Димитровски од Скопје е млад дизајнер кој од неодамна реши својата креативност да ја преточи во хоби. Тој на својата Фејсбук страница „Ум етник“ често споделува игра на зборови прикажани преку илустрации.
„Ова го правам чисто од забава. Игра на зборови ми било одсекогаш интересно и секогаш кога ќе се спомне некоја кованица од зборови илустрациите веднаш ги замислував како би изгледале. Не сум некој цртач а и немам баш премногу време да им се посветам на илустрациите колку што сакам. ама мислам дека се доволно добри за да ја пренесат поентата. Имам уште еден тон инспирација така да ќе ме има уште долго време во етер“, вели тој за Радио МОФ.
Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации.