[Галерија] Фотографии од конкурсот на тема „Микросвет“

Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) ги објави фотографиите пријавени на петтиот конкурс за биофотографија на тема „Микросвет“. Годинава главен мотив на делата се различни видови на безрбетници како што се инсекти, пајаци, скорпии, полжави, црви, односно претставници од микрофауната.

Во тек е гласањето за фотографиите преку „лајкови“ на Фејсбук. Награда за освоено прво место е ваучер за бесплатно учество на 15- дневната истражувачка акција на ИДСБ. Второнаградениот ќе добие ваучер за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на ИДСБ, а награда за трето место е промотивен материјал на ИДСБ (зборници, годишни билтени, научни списанија, брендирана маичка,капа и др.).

Сите пријавени фотографии можете да ги погледнете на Фејсбук-страницата на конкурсот.