Агенцијата Франс прес (AFP) го објави годинешниот избор на најдобрите дела на нејзините фоторепортери. Фотографиите ефектно ја „раскажуваат“ годинава што изминува, низ највпечатливите настани кои се случија низ целиот свет.
Човек пренесува жена ранета во бомбардирањето од владините сили во сирискиот град Алепо, на 3 јуни
Припадничка на Партијата на слободата на Курдистан чува позиција близу градот Дибис кај Киркук, Ирак, на 15 септември
Возачот Камуи Кобајаши излетува од патеката на Големата награда на Австралија во Формула 1, на 16 март
Молња поминува над статуата на Исус на ридот Корковадо над Рио де Жанеиро на 14 јануари
Фотографија од сообраќајниот метеж во Шангај, снимена со долга експозиција за време на државен празник, 30 септември
Џиновски облак од вулкански пепел се извива од вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра, на 1 февруари
Студенти и демостранти ги подигаат своите мобилни телефони на протест пред Легислативниот совет на Хонгконг, на 29 септември
Луис Суарез од Уругвај и Џорџо Кјелини од Италија, на натпревар од Светското фудбалско првенство во Натала, Бразил, на 24 јуни
Давид Луиз од бразилската фудбалска репрезентација го прославува голот во четвртфиналето против Колумбија во Форталеза, на 4 јули
Пакистанската активистка за човекови права Малала Јусафзаи, добитничка на Нобеловата награда за мира, пред обраќање во Бирмингем, Англија, на 10 октомври
Луѓе се разладуваат во градот Суининг во југоисточна Кина, за време на топлотен бран, на 25 јули
Демонстранти протестираат против убиството на 18-годишниот Мајкл Браун во Фергусон, во американската држава Мисури, на 16 август
Деца играат околу човек преправен како Бетмен во фавелата Метро во Рио де Жанеиро, Бразил
Панорама на градот Валпараисо, Чиле, за време на голем шумски пожар, 12 април
Православен свештеник се обидува да спречи судир меѓу демонстрантите и полицијата во киев, Украина, на 22 јануари
Украински музичар свири клавир на барикадите на антивладините протести во Киев, 10 февруари
Украински спасувачи бараат тела во житно поле во близина на местото на кое се урна малезискиот авион во источна Украина, на 26 јули
Човек скока со јаже од карпите над плажата Наваџо на Закинтос, Грција, на 24 јуни
Здравствени работници во заштитна облека стојат во простор контаминиран со ебола во болница во главниот град на Либерија, Монровија, 7 септември
Автомобили однесени од надојдената река Лез во близина на градот Грабел, кај Монпеље, Франција, 7 октомври
Погледнете ја целата листа на најдобри 100 фотографии на Франс прес за оваа година.