Со се што се случува во Европа во последниот период и борбата на Европската унија да се соочи со големиот прилив на економските мигранти и бегалци, интересно е да се видат фотографиите на полскиот фотограф Josef Schulz, кој ги истражува напуштените контролни пунктови низ континентот.
Откривајќи го секој агол на Европа, Schultz ја замаглува позадината во која се наоѓа секоја граница, со цел да се доловат овие заборавени објекти и да се истакнат. Она што е интересно е дека поранешните гранични премини не припаѓаат веќе никому. Само седат напуштени, со скршени прозорци и врати, спојувајќи го минатото со сегашноста.