[Галерија] Дубиоза: Ова што го прават студентите е поважно од завршување факултет

„Ова за овие млади луѓе е најважната работа. Ова е поважно отколку да се заврши факултет, да се стане дипломиран филозоф или што било, ова што го прават и учат овие млади е многу поважно“, кратко изјави Бранко Јакубовиќ од босанскиот бенд Дубиоза Колектив, по концертот кој се одржа на платото на Филозофскиот факултет.

[Галерија] Дубиоза: Ова што го прават студентите е поважно од завршување факултет

Запрашан за тоа како се случила соработката со студентите и на чија покана бендот реши да даде поддршка за студентската Автономна зона, Јакубовиќ рече дека немало некаков специјален ред, покана или соработка.

[Галерија] Дубиоза: Ова што го прават студентите е поважно од завршување факултет

„Едноставно гледаш нешто што сакаш да го поддржиш и доаѓаш и го поддржуваш. Не требаше некој специјален повик, ние дојдовме и свиревме“, рече Јакубовиќ.

Тој изјави дека му е многу драго што толку голем број студенти знаат точно што бараат и дека слушнал и за другите факултети кои се вклучуваат во окупацијата.

„Се надевам до крајот на неделата целиот универзитет ќе се вклучи. Ако студентите не ги помрднат работите во овие земји тогаш…што остана? Пензионерите и студентите. Тоа се единствените свесни групи луѓе. А во последно време се е на пензионерите. Затоа ми е мило што студентите се будат“, додаде Јакубовиќ.

[Галерија] Дубиоза: Ова што го прават студентите е поважно од завршување факултет

Познатиот босански бенд Дубиоза Колектив денеска изненади со објавата на нивната официјална Фејсбук страница дека се на пат кон Скопје за да одржат концерт на платото пред Филозофскиот факултет, како поддршка за окупацијата на студентите. На платото на УКИМ настапија и Kanton6 заедно со Bernays Propaganda.

Денеска е осми ден од окупацијата на студентите кои се против новодонесениот Закон за високо образование со кој се воведува државниот испит во високото образование. Студентите бараат укинување на државниот испит, изработка на нов и квалитетен Закон за високо образование, како и подобрување на лошите состојби во образованието.

Во продолжение погледнете ги видеото и галеријата со фотографии од денешната атмосфера на УКИМ.

Кристина Озимец