[Галерија] Баскери и живи статуи на плоштадот во Скопје

Необични и насмеани, баскерите и живите статуи се вратија и годинава во Скопје. Публиката, криејќи се под чадорите од дождот, синоќа ги поддржа уметниците дојдени од целиот свет.

Долж улицата „Македонија“ можеа да се видат уметници кои имаа цел да забавуваат, но и да испратат еколошка порака.

Годинава се дојдени повеќе светски атракции од светот на уличната уметност, како Џон Еик од Германија со своето шоу „БЛАНКО“. Станува збор за интерактивен уличен баскер/статуа акт за сите генерации.

Потоа, Mirror Crew кои често се дел од настапи и спотови на познати музички ѕвезди, а се карактеристични по своите костими изработени од безброј парчиња стакло.

На крајот од улицата, пак, „демнеа“ пиратите Александра и Владимир од Србија.

Сепак, поголемиот дел од баскерите и статуа артистите не можеа да ги реализираат своите шоуа поради дождот. Но, фестивалот ќе трае до 22 јуни.

Програмата е придружена и со музичка забава.

Емилија Петреска

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.