Гала оперски концерт и „Болеро“ балет под маски во НОБ

На 22 јануари повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт со почеток во 20 часот.

На концертот ќе настапат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, кореограф: Саша Евтимова костимограф:  Марија Пупучевска, светло дизајн:  Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, а организаторите најавуваат дека билетите се во строго ограничен број.