Гала-концерт и натпревар за млади соло-пејачи во Битола

Ротари клуб Битола со поддршка на општина Битола, Народен Театар Битола и Државно музичко училиште Битола, го организира првиот натпревар за млади соло-пејачи, со цел поддршка на високата уметност и стимулирање на младите уметници.

Натпреварот ќе се одржи во Државното музичко училиште на 2 март од 10 до 16 часот, а влезот е слободен за сите љубители на класичната музика.

Истиот ден, со почеток од 20.00 часот, во Народниот театар во Битола ќе се одржи и голем гала-концерт, на кој покрај веќе етаблирани изведувачи, ќе настапат и наградените учесници од Натпреварот за млади соло-пејачи.

На концертот настапуваат Иванка Нинова, мецосопран од Р. Бугарија, Елвира Хасанагич, сопран од Р. Словенија/Германија и Алдо Кумар, автор и композитор од Р. Словенија, како и реномираните солисти од Македонија: Маја Митровска – сопран, Марина Коруновска – мецосопран, Александра Коцевска – мецосопран, Александра Јанковска – пијано, Марија Шамовска Буџаковски – пијано и Александар Гацоски – тенор.