Фудбалскиот клуб „Рома“ со кампања на социјалните мрежи за исчезнати деца

Фудбалскиот клуб „Рома“ во партнерство со добротворната организација Национален центар за исчезнати и злоупотребени деца и „Телефоно Азуро“ започнаа кампања на социјалните мрежи.

Секогаш кога некој потпишува договор со фудбалскиот тим, објавите за тоа ќе се состојат и од слика на некое исчезнато дете.

Кампањата започна во неделата кога беше објавено за трансферот на Леонардо Спиназола.

Ваквата иницијатива е инспирирана од спотот за песната „Runaway Train“ од групата „Soul Asylum“, во кој се истакнати имиња и лица на исчезнати деца, слично на милионите испринтани амбалажи на млеко во САД, за време на 80-тите и 90-тите години.

„Сакаме да ја искористиме виралноста на објавите за трансферите на социјалните мрежи за да помогнеме во подигнувањето на свеста за исчезнатите деца. Имаме огромна бројка на луѓе што не следат на социјалните мрежи, а нашите соопштенија генерираат неверојатни бројки на читаност низ целиот свет, па го размисливме тоа во правото време кога светското внимание е насочено кон соопштенијата на тимот.“ изјави портпаролот на клубот.