#FridaysForFuture: Собрани потписите, барањата ќе ги поднесеме до Советот на Град Скопје

За еден ден, локалниот огранок на иницијативата #FridaysForFuture успеа да собере 104 потписи кои им беа потребни за да ги поднесат нивните барања на разгледување во Советот на Град Скопје.

Тие им се заблагодарија на граѓаните кои во петокот се потпишаа на петицијата и нагласија дека поддршката може да се изрази и преку присуство на нареден собир или акција.

Од иницијативата во неколку наврати бараат да се воспостави климатска криза во државата, да се искористуваат повеќе обновливите извори, како и да се подобри јавниот транспорт така што ќе се намали потребата од автомобили, но и да се вметни темата за климатските промени посериозно во формалното образование.

#FridaysForFuture во Скопје најавија дека почнувајќи од 20-ти септември на светско ниво започнува глобална климатска акција на секојдневни протести кои ќе траат цела недела.