Француски стоматолози се фотографираат голи, за да алармираат за недостигот на заштитна опрема

Стоматолози во Франција започнаа кампања против недостатокот на заштитна опрема, откако беа принудени да работат во итни случаи, среде пандемија, ризикувајќи ги нивните животи.

Тие организираа акција на социјалните мрежи и на „француски“ начин под хаштагот #Dentisteapoil, одлучија да се фотографираат голи, со што ќе се покажат колку се беспомошни и ранливи на инфекцијата од Ковид 19.

„Француските стоматолози се голи, немаат лична заштитна опрема за да продолжат со својата активност! Чекајќи го следниот ден, размислувајќи како да ги организираат нештата, да направат нови протоколи, да се грижат за економска одржливост со дополнителните трошоци создадени покрај затворањето, ова се новите и идни предизвици на стоматолошката и оралната медицина“, стои во соопштението во кое се додава дека поради природата на нивната работа,  стоматолозите се здравствени работници со најголем ризик.

French dentists have begun protesting the fact that they are being asked to go back to work without PPE (personal…

Posted by Ryan Dunlop Dmd on Saturday, 25 April 2020