Француските парламентарци усвоија предлог закон за несогласност за заштита на децата од сексуално насилство

Според предлог законот се смета дека децата под 15 години не можат да дадат согласност за сексуален акт.
Француските парламентарци едногласно го усвоија долгоочекуваниот предлог закон со кој децата се заштитуваат од силување и сексуално насилство.

Според предлог законот, составен по серија скандали кои вклучуваа лица на високи позиции, се смета дека децата под 15 години не можат да дадат согласност за сексуален акт. Во случај на инцест старосната граница се искачува на 18 години.

Биле предложени и дискутирани 300 амандмани, а новиот предлог закон бил предложен од владата на Макрон и добил интерпартиска поддршка.

Новиот предлог закон вели дека секој акт на сексуална пенетрација која вклучува и орален секс, сторена од возрасен врз личност под 15 години ќе се смета за силување.

„На овој начин, ниеден возрасен нема да се повика на согласност од малолетник“, изјавил министерот за правда Ерик Дупонд Морети.

Казната за прекршување на законот е 20 години затвор. Законот сега треба да биде изгласан и од францускиот Сенат.

За да се избегне криминализирањето на сексот помеѓу тинејџери и млади, законот вклучува и клаузула наречена „Ромео и Јулија“, а според клаузулата, казната може да се изрече само ако возраста помеѓу обвинетиот и малолетникот е најмалку 5 години. Оваа клаузула нема да важи во случаи на силување и сексуално вознемирување.

„Не би сакал да изнесам пред суд дете од 18 години поради врска со девојка од 14 и пол години“, додал Морети.

Предлог законот сега треба да е усвоен од комисија од парламентарци и сенатори, а се очекува тоа да се случи за неколку недели.

Извор: Guardian