Франција планира да воведе регистрација за велосипедите

Француските велосипедисти наскоро ќе мора да го регистрираат својот велосипед, исто како што возачите на автомобили мора да ги регистрираат своите возила.

Тоа е дел од предлогот на француските власти со кој сакаат да ја зголемат употребата на велосипеди и да ја намалат нивната кражба, пишува Гардијан. Сопствениците на велосипедот ќе го регистрираат како сопствено возило во националната база на податоци и ќе добијат “потврда за сопственост” која ќе ја покажат на полицијата во случај на кражба. Сертификатот ќе се пренесе на новиот сопственик во случај на продажба.

Бројот на регистрацијата на велосипедот ќе биде поставен на видливо место и ќе може да се прочита со оптички читач. Владата ќе го претстави предлогот до крајот на годината, а се очекува да стапи на сила во 2020 година. Целта е да се зголемување на бројот на кратките релации кои се поминуваат со велосипед до 2024 година.

Планот, исто така, вклучува и создавање на голема мрежа од велосипедски патеки, како и финансиски стимулации за оние кои избираат велосипед како средство за транспорт до работа. Овие стимулации би биле слични на субвенциите дадени на вработените за користење на јавен превоз, до 400 евра годишно.

На тој начин, за седум години, бројот на Французи кои со велосипед одат на работа треба да се зголеми од 3 на 9 отсто. Според статистичките податоци, помалку од 2 отсто од вработените во 2015 година оделе на работа со велосипед. Повеќето (повеќе од 70 проценти) користат автомобили, 13 проценти користат јавен превоз и 4,5 проценти одат на работа пеш. Интересно е тоа што 58 проценти од Французите претпочитаат да се вози со автомобил, дури и ако тие се помалку од еден километар.

Се проценува дека во Франција има 21 милион велосипеди, а речиси 1.100 велосипеди се крадат секој ден.