Франција го усвои контроверзниот закон за национална безбедност, кој предизвика масовни демонстрации

Француските пратеници ја дадоа својата поддршка за контроверзниот закон за „национална безбедност“, кој предизвика демонстрации ширум земјата, јавува „Евроњуз“.

Главниот фокус на законот е на „член 24“, со кој злонамерното споделување фотографии со кои се идентификуваат полициски службеници преку нивното лице или име, станува прекршок.

Министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин рече дека законот ќе ги заштити полициските службеници од онлајн повиците за насилство. Поддршка на ваквите мерки изразија и полициските синдикати.

Но, законот беше широко критикуван од страна на организациите за човекови права, како и од медиумските организации кои велат дека со него ќе се намали слободата на печатот и дека тој ќе доведе до помала полициска одговорност.

Против предлог-законот претходно протестираа илјадници Французи низ земјата. Организаторите на демонстрациите посочија дека минатата година околу 500.000 луѓе протестирале против законот, додека властите процениле дека на протестите излегле околу 133.000 луѓе. На протестите беа повредени и десетици полицајци.