Фотографии снимени со дрон го прикажуваат расизмот во јужноафриканската архитектура

Кога фотографот од Сиетл, Џони Милер се преселил во Кејп Таун, Јужна Африка, за да студира антропологија, одлучил да го испрати својот дрон со камера на небото, за да направи фотографии од птичја перспектива на овој град. Кога ги погледнал снимките, лесно било забележливо дека наследство од апартхејдот е се уште многу видливо во архитектурата на градот.

Населбите во кои живеат припадниците на белата раса се се дефинирани како големи затворени заедници, додека соседните населби во кои живееле лицата од црната раса лесно се препознатливи по пренаселеноста и урбаниот метеж.

Тогаш тој одлучил да започне фото-проект наречен „Нееднакви сцени“, за да понуди нова перспектива на расната сегрегација во земјата.

„Можете да ги покажете овие слики на едно дете, и мислам дека тоа ќе биде во можност да избере на која страна сака да живее“, вели Милер.

Кога Милер првпат ги ставил фотографиите на Фејсбук, вели дека првичните реакции биле „многу негативни.” Многумина забележувале дека проблемот на нееднаквоста не е присутен само во Јужна Африка. Тој пак инсистира на тоа дека тоа е примерот е уникатен.

„Јужна Африка има уникатна историја што е сосема различна од другите места”, тврди тој. „За време на апартхејдот, сегрегација на урбаните простори беше дел од урбаната политиката”, вели тој, додавајќи дека многу од овие бариери се уште постојат и 22 години подоцна.

„Во реонот Масифумелеле живеат 38.000 луѓе, а до нив имате соседството кое има само десетина од ова“, вели тој.

Милер вели дека проектот овозможил почеток на позитивна дискусија. Група урбанисти за домување ги виделе неговите фотографии и реагирале на нив. Тој вели дека неговите фотографии, на кои нема луѓе, даваат објективен приказ кој е тешко да се оспорува.

„Многу луѓе во Јужна Африка ми кажуваа дека тие не сфаќаале колку малку работи се променети од 1994 година се додека не ги видоа овие фотографии“, додава фотографот.