[Фотогалерија] Среќна Нова 2021 од длабочините на Охридското Езеро

Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности „Охрид“ веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници од длабочините на Охридското езеро.

Тие велат дека оваа година, во услови на пандемија, одлучиле да не се зголемува бројот на нуркачи на едно место па во групи од 3-4 членови нуркале на 3 различни локации на Охридското Езеро и тоа – Заливот на Коските, Трпејца и Св.Наум кај изворите.

„Им ја честитаме Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите“, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности.

Дел од нивната подводна предновогодишна авантура погледнете на фотографиите во продолжение: