[Фотогалерија] „Скопје на мраз“

„Скопје на мраз“ е Меѓународен натпревар во уметничко лизгање, кој започна вчера со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни. Настанот продолжи и денес со останатите шест категодии.

Натпреварот, се одвиваше на лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски, а оваа година се одржа шестото издание.

Учествуваа 55 натпреварувач(к)и, поделени во вкупно 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција.

Организатор на настанот е Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија, која е формирана во 2013 година, од четири клуба кои се занимаваат со овој спорт.

Своите вештини на мразот денес ги презентираа натпреварувачите по уметничко лизгање во категориите кои се признати од Меѓународната лизгачка федерација (ISU) и во кои се бираат државни прваци, а Радио МОФ направи го проследи овој настап преку фотогалерија.







Фото: Емилија Петреска