[Фото] Зелена комета вчера помина покрај Земјата

Новооткриената зелена комета вчера се приближи најблиску до Земјата. Таа последно поминала покрај нашата планета во Каменото време, односно ова е првпат да се појави по 50.000 години. Поради тоа научниците успеаја да ја откријат дури минатиот март во Опсерваторијата Паломар во Калифорнија.

Во некои предели од светот, кометата вчера беше видлива со голо око. Во продолжение ќе проследиме какви фотографии и видеа снимија објективите на некои од светските медиуми, како и на граѓани, корисници на Твитер. Зелената нијанса околу телото на кометата на различните фотографии се движи од смарагдно зелена до чиста зелена боја како трева.