[Фото] Започна климатскиот протест пред Влада

Со транспаренти и маски против загадување, млади и повозрасни се приклучуваат на климатскиот протест пред Влада кој започна во 13 часот. Со него, локалните ограноци на движењето Fridays For Future се приклучуваат на глобалната климатска акција наречена Недела на иднина.

Тајмингот на овие протести е одбран за да се зголеми притисокот кон светските влади во пресрет на Самитот за климатска акција на Обединетите Нации во Њујорк, и Конференцијата за климатски промени во Сантјаго де Чиле во декември. Овие два настани ќе бидат клучни за донесувањето одлуки во насока на задржување на глобалното загревање под критичната граница од 1.5 степени Целзиусови.

На протестот, активистите ќе ги изложат нивните барања кои се однесуваат на потребата од системски промени, за како што велат да не дојде до посериозни климатски промени кои веќе стануваат видливи.

За атмосферата од протестот, следете ги Инстаграм и Твитер профилите на Радио МОФ.