[Фото] Велосипедот-скулптура кој ја симболизираше кражбата на велосипеди остана без волан и седиште

Пред речиси еден месец, Центарот за современи уметности – Скопје спроведе урбана уметничка акција во која постави огромен велосипед кај зградата на Службен весник. Целта на акцијата беше да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во државата, кој опфаќа преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како превозно средство.

Но, денес на Твитер беше објавена фотографија која покажува дека скулптурата остана без седиштето и воланот.

Овој случај всушност го прикажува проблемот кој трае со години наназад.

„Во последните 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000-ти велосипед“, велат од ЦСУ.

*Како изгледаше велосипедот пред 1 месец.