[Фото] Веќе две недели активистот Стојан Велков протестира со молк против рудникот Иловица-Штука

„Виш управен суд, исправи ја грешката што ја направи Управен суд! Од 24 часа во денот, 1 час #ГласномолчаМ против отворање на рудникот „Иловица-Штука“ со цел да се #СтавиточкА на безумието. Луѓето сами се приклучуват“.

Со оваа порака на социјалните мрежи, активистот Стојан Велков потсети дека веќе две недели, секој ден излегува на едночасовен протест со молк, на струмичкиот плоштад, за да го искаже својот револт против изградбата на рудникот.

Во својата објава на Фејсбук тој напиша дека овој чин е негов личен крик против како што вели, нерешавањето на прашањето со рудникот. Секојдневно, него му се приклучуваат повеќе активисти и граѓани кои стојат со транспаренти против отворање на рудникот. Протестот продолжува и вечерва, од 20:30 – 21:30 часот.

Од здружението „Здрава котлина“ изминатиов период побараа објаснување од државата зошто се уште ја нема обжалено пресудата на Управниот суд, објавија разни документи, а поднесоа и жалба до Вишиот Управен суд.