[Фото] Уметник користи техники од ренесансата за да создаде надреална уметност

Иако неговите слики наликуваат на фотографии, италијанскиот уметник Емануел Дасканио навистина ги црта со сопствени раце.

За некои од нив да ги заврши целосно му се потребни и по 780 часа, што е разбирливо ако се погледне убаво во неговите детални слики.

Тој ги црта, користејќи комбинација на јаглен и графит, додека објектите се често осветлени со еден извор на светлина која на секое дело му дава ренесансен квалитет.

Дасканио има стекнато образование во делот на цртање со масло на платно, во стилот на ренесансата, па го искористил тоа знаење додавајќи уникатен стил за да создаде прекрасни портрети, кои совршено се поклопуваат со класичното и модерното.

Во продолжение, погледнете за што станува збор: