[Фото] Уметник изработи огромна слика посветена на спасувачите на мигранти

Големо сликарско дело, на кое се прикажани споени раце беше откриено во саботата во паркот во близина на Ајфеловата кула, по повод одбележувањето на Светскиот ден на бегалците (20-ти јуни).

Уметничкото дело на Гиљом Легрос, познат уште како Сајпе, се простира на 15.000 квадратни метри и направено со биоразградлива боја, креда и јаглен.

Сликата е дел од проектот наречен „Надвор од ѕидовите“ и ги прикажува рацете меѓусебно испреплетени во чест на волонтерите од „SOS Mediterranée“ – невладината организација која ги спасува луѓето кои се обидуваат да преминат од Африка и континентална Европа.

Сајпе, кој во минатото изработил гигантски фрески на планински предели, започна со ова дело на 3 јуни.

Paris 2019, beyond walls project by Saype. 15.000m2, biodegradable paint on grass. Very proud and honoured to launch…

Posted by SAYPE artiste on Friday, 14 June 2019

„Во еден поларизиран свет, сакав да создадам оптимистичка порака за сите нас: најголемиот човечки синџир некогаш направен”, напиша тој на Фејсбук.

По Париз, францускиот уметник ќе го претстави својот проект во уште 20 градови низ целиот свет во следните три години, меѓу кои и Женева, Берлин, Буенос Аирес, Крајстчерч, Лондон, Мелбурн, Њујорк и Најроби.