[Фото] Уметници изработија мурали на пречистителна станица во Струмица

Пет домашни уметници изработија мурали на бетонските површини на пречистителната станица за отпадни води во Струмица.

Секој од муралите раскажува некаква приказна за важноста на животната средина и значењето на водата како природен ресурс.

Нивни автори се уметниците Ване Костуранов, Драган-Драш Китановски, Марјан Димиќ, Филип Конески и Блаже Атанасков.

На официјалното претставување на муралите учествуваа и ученици од основни училишта од Струмица, кои изложија свои цртежи што ги создадоа по повод Светскиот ден на водата 20 март.

Kултурно-уметничкиот проект насловен „Уметност и вода-магија на животот“ го спроведува „Здружение за третман на води на Северна Македонија”, а финансиран од Европската Унија.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.