[Фото] Ученици и уметници цртаа на пешачките премини на Широк Сокак

Битолски ученици од сите Училишни сообраќајни единици и средношколци од гимназијата „Таки Даскало“ вчера цртаа на пешачките премини кај Широк Сокак. Тоа го направија со помош на локалниот уметнички колектив Hybrid Minds crew.

Нивната задача беше да претстават безбедeн – дизајнерски пешачки премин кој ќе биде видлив за возачите, а визуелно привлечен за пешаците. 

Акцијата беше дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност.