[Фото] Со мешавина од жанрови заврши уште едно издание на Д фест

Со иста енергија како да е прв, а не последен ден, заврши овогодинешниот Д фест 2019. Времето по дождот беше поубаво од кога било, а звуците кои доаѓаа од сцените преполнети со илјадници посетители креираа незаборавни и магични моменти.

Како дел од денската шема, посетителите на „Москито“ сцената ги слушаа „Александар Велики“, а по нив атмосферата ја загреаја момците и девојката од „МВР СВР“ со трап журка.

Бленд Мишкин и Рутс Еволушн со својот реге настап ја загреаја публиката на „Лејк авејк“ сцената, чија програма заврши со настапот на македонскиот драма-хип-хоп проект Црнила Ремикс.

Оттаму, публиката се префрли на најголемата, главна сцена која се наполни за последен пат годинава. Таму програмата беше исполнета со најразновидна музика: дед метал бендот „Напалм Дет“ го имаа можеби најгласниот и најенергичниот настап, за потоа нашите „Суперхикс“ да ја распеат публиката со своите хитови.

Соул/џез пејачката Хинди Захра, која македонската публика ја памети од „Офф фест“, сега повторно настапи најавувајќи ја магичната Акуа Нару, која со својот карактеристичен хип-хоп ја затвори програмата на главната сцена на овогодинешниот Д фест 2019.

Во продолжение, погледнете како изгледаше атмосферата за време на фестивалските денови.

 

View this post on Instagram

 

Со балкански рап и енергичен настап Војко В синоќа ја отвори вечерната програма на главната сцена на @dfestival.dojran Веднаш по него, македонскиот рапер Страјк ја освежи публиката и ја загреа за енергичните звуци на маестрата на електронската музика кои следеа:Ofenbach и Кирил Џајковски. Илјадници посетители играа неуморно, дури до 3 часот по полноќ. Оттаму забавата се префрли на Lake Awake сцената каде со звуците на енергичната транс музика Trianglum, Forma, Captain Hook и Djantrix се дочека изгрејсонцето на дојранската плажа. Нашиот репортер Георги се одмара за вечерва и ги следи активностите низ кампот. Следете го нашиот профил во текот на фестивалските денови 😎 #dfest #dfest2019 #dojran #дфест #УраЗаКултура #страјк #vojkov #strajk #кирилџајковски #ofenbach #music #festival

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

 

View this post on Instagram

 

Со јога и музика уште од 10 часот официјално започна овогодинешниот @dfestival.dojran Шаренилото од шаторите се зголемува од час в час, а сите со нетрпение го чекаат почетокот на музичката програма. Во меѓувреме, разни активности ја одржуваат атмосферата позитивна и загреана. Повеќе инфо вечерва со официјалниот почеток на музичките настапи на Д-Фестивал. Москито сцената се отвора во 20 часот, Lake away во 22 часот, Главната сцена 21 часот, а преку ден, од 16 часот започнува Church stage. Целата програма е достапна на профилот на @dfestival.dojran

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on