[Фото] „Скршено“ – уметничка инсталација во Бон на Меѓународниот ден против родовото насилство

Повеќе кукли облепени со пораки да запре родовото и семејното насилство врз жените, беа поставени вчера во центарот на Бон, Германија.

Станува збор за уметничка инсталација насловена „Скршено“ на скулпторот Денис Џозеф Месег, кој ја изработил во соработка со локалниот ограног на организацијата Зонта.

Вчера на глобално ниво започна кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, која ќе трае до 10 декември, Денот на човековите права.