[Фото] Се реновира вториот кат на скопската библиотека „Браќа Миладиновци“

Со цел овозможување подобри услови за работа, се реновира вториот кат на скопската библиотека „Браќа Миладиновци“, соопштија од Град Скопје.

„После долг временски период во тек е комплетно реновирање на вториот кат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” со површина од 1.000 квадратни метри. Со реконструкцијата се опфатени одделот за странска литература, одделот за стари и ретки книги и архивски примероци, малите читални наменети за магистранти и докторанти, конференџиската сала и електронската читална“, стои во соопштението од Градот.

Исто така, во библиотеката „Другарче“ се поставува товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки во состав на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. За овие активности од буџетот на Град Скопје се одвоени околу 15.000.000 денари.