[Фото] „Сакаме да живееме во чиста околина“ – порака од еко-акцијата на гевгелиските ученици

Повеќе ученици од четири училишта, поделени во три тима, денеска учествува во еко-акција на улицата „Илинденска“ во Гевгелија.

„Горди на свесноста, а и активноста на младиве генерации, на кои што моравме да им се извиниме во името на сите несвесни граѓани, кои беа пречекани со грда слика со отпад на улица „Илинденска“, велат од здружението ChangeMakers4all, кои беа организатори на еко-акцијата.

Во придружба на наставник, учениците се забавуваа, но и се натпреваруваа меѓу себе. Најдобри се покажаа учениците на ОУ „Крсте Мисирков“, кои како награда за собраниот отпад ќе добијат еднодневна екскурзија на Кожуф, додека со другите тимови ќе биде организиран пикник.

Еко-акцијата е организирана со поддршка од Општина Гевгелија, ЈП Комуналец и Близнак Ком.