[Фото] Руинираните делови од фасадата на училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово добија мурали

Млади уметници изработија мурали и графити со кои ги обновија руинираните и исчкртани делови на училишната фасада на основното „Крсте Мисирков“ во Куманово, дел од Народниот театар и училишната спортска сала.

Тие изминативе година дена работеле заедно со техничкиот персонал од училиштето од каде им се заблагодаруваат за вложениот труд оживувајќи ги своите замислени креации.

„Иако ни е познато дека за вкусови не треба да се расправа, веројатно ќе се сложите дека графитите го разубавија ликот на училишната зграда. Со сигурност тврдиме, од интерес на сите нас е да ги сочуваме и да не дозволиме повторно ѕидовите на училиштето да бидат исчкртани со навредлива и непристојна содржина“, напишаа од училиштето на официјалниот Фејсбук профил.

Муралите се изработени во рмки на проектите „Еко – Графити Фест за поголема урбана свест“ и „На патот“.