[Фото] Роботи диносауруси како рецепционери

Хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек – роботи диносауруси на рецепција.

Комуникацијата со нив е ограничена, односно гостите резервираат соби и вршат порачки преку таблет.

Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.

Необичниот хотел „Казухиро Ноги“ се наоѓа во предградие на Токио.

!Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови“, изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.

Инаку, една ноќ во необичниот хотел чини 130 евра.