[Фото] Протестен марш на хонорарците во Скопје

Обединети под паролата „НЕ за неуставните закони за хонорарците“ голем број граѓани се собраа пред Министерството за финансии од каде тргнаа на протестен марш. Тие се револтиран од законите за хонорарците воведени во 2015 година, а со според кои тие на државата мора да плаќаат дополнителни 25 отсто за придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Извикувајќи „Лопови“,„Социјална правда“,„Нема правда нема мир“, „Лебот ни го зедовте“, граѓаните побараа да се укинат овие закони, со кои како што велат, се врши грабеж над хонорарците.

Протестниот марш ќе заврши пред Уставниот суд, каде ќе бидат поднесени претставки за да се укинат законите кои според оваа иницијатива се неуставни.

Според најавите од иницијативата „Ајде“, како организатори на протестниот марш, ќе бидат  поднесени околу 7.000 претставки од македонските граѓаните за укинување на неуставните закони.