Од денеска и Собранието на Република Македонија се вклучи во добротворната кампања којашто има за цел да им помогне на децата хоспитализирани на Клиниката за онкологија во Државната болница „Мајка Tереза“, болни од болести на крвта, канцер и леукемија.
Кампањата се одвива преку купување на маичка со слика на сонцоцвет, која чини 1.230 денари и сите финансии од купувањето на оваа маичка директно се донираат за споменатата цел.
На настанот, којшто се одржа во Сала „Македонија“ учествуваа сите 120 пратеници од Собранието, претставувајќи ги сите граѓани на Република Македонија.
Кампањата започна пред неколку месеци, но во меѓувреме беше коригирано нејзиното име од „Македонија ти си сончоглед“, во „Македонија ти си сонцоцвет“.