[Фото] Победничката илустрација од конкурсот #Дехејтизација

Илустрацијата на Мартин Бибовски е победник на конкурсот на тема #Дехејтизација:

Martin Bibovski #Dehejtizacija

Како награда за илустрацијата, Бибовски ќе добие Pen Tablet Wacom Intuos Draw.

Со наградниот конкурс се затвори уште една кампања, во чиј фокус беа теми за говор на омраза, пропаганда и медиумска писменост.

Гласањето во изминатиот период се одвиваше преку нашата Фејсбук-страница. Во конкуренција за гласање беа 18 илустрации, испратени под псевдоним или со име и презиме.