[Фото] Ова не е паркинг – герила акција во Битола за ослободување на јавниот простор од автомобилите

Жолти балони со натпис “Ова не е паркинг” беа поставени на автомобили кои узурпираат јавни површини во Битола. Станува збор за герила акција со која се бара од надлежните да ги ослободат тротоарите за пешаците.

-Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола, стои во описот на акцијата.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат автомобилите на улиците, а пешаците на тротоарите.