На местото на поранешната сала МЗТ во општина Аеродром, денеска беше пуштен во употреба новиот Спортски центар „Јане Сандански“.
Центарот е мултифункционален спортски објект, кој ќе биде спортски дом на машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар и на кошаркарскиот клуб МЗТ. Објектот беше изграден за 16 месеци, како јавно-приватното партнерство помеѓу сопственикот на ФК и РК Вардар Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром. За изградбата инвеститорот потрошил околу 15 милиони евра.
Арената во новиот спортски центар има капацитет од 6.500 седишта, помошна сала со капацитет од 1.000 седишта, како и конгресен центар. Во состав на објектот ќе работат четири тениски игралишта, а ќе функционира и хотелот „Русија“.