[Фото] Со четки и бои против национализмот и омразата во Струга

„Немате доволно погрдни зборови, колку што ние имаме боја!“, е пораката која младите од Струга им ја упатија на сите оние што со погрдни и националистички зборови го уништуваат јавниот ѕид во градот кој претставува и улична галерија за креативно изразување на граѓаните.

Со четки и бои, деновиве тие си го вратија назад просторот кој им припаѓа и порачаа дека нема дозволат нивните соништа да бидат уништени од , како што велат, сите оние кои ги користат методите од наци-пропагандата за да наметнат страв, едноумие и омраза.

„ Политиката нема ништо со овие уметнички улични дела, белиот ѕид е за да поттикне и да мотивира прогресивни и визионерски идеи, а не омраза и пропаганда која што „вие“ се обидувате кукавички да ја нанесете во доцните ноќни часови. „Тие“ кои што мислат дека црната боја е доволна треба да знаат дека немаат толку црнила колку што ние имаме добрина.

Овој „ваш“ чин нас нè направи посилни и посложни, но и посвесни и претпазливи за опасностите кои нè демнат нас младите и општо граѓаните на град Струга“, наведуваат од здружението „Аква“ од Струга.