[Фото] Матурантите првенци на генерација од 23 скопски средни училишта добија награди и признанија

Матурантите кои оваа година се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта вчера добија специјални признанија и парични награди кои ги додели скопскиот градоначалникот Петре Шилегов на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која се одржа на Школка во Градскиот парк, информира Град Скопје.

Како што велат оттаму, овој настан има за цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта во градот и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати. И оваа година, тие додаваат дека е награден успехот на учениците од средните стручни училишта, додека признанија се доделени и на ученици со попреченост кои постигнале особени резултатит во процесот на инклузија во образованието.

„Нема поголемо задоволство за градоначалник на еден град од тоа кога ја гледа иднината на својот град вака собрана на едно место. Годинава доделуваме 34 награди за првенците на генерацијата од 23-те скопски средни училишта. За жал, едната награда ја доделуваме постхумно, за таа трагедија сме сите известени, но тоа дете ја заслужи оваа награда која Градот со задоволство ќе ја врачи на претставниците на неговото семејство. Многумина од вас ќе станат инженери, доктори, адвокати, судии, обвинители, не знам кој од вас што ќе работи во животот, но ви порачувам што и да станете, да останете луѓе пред се. Тоа е најбитниот момент во животот на луѓето“, рече Шилегов на настанот.

Оваа година првенци на генерацијата се:

Викторија Коцевска –  СУГС „Димитар Влахов”
Александар Анакиевски – СУГС „Димитар Влахов”
Јана Мајнова – СУГС „Јосип Броз Тито”
Петар Стаменковски – СУГС „Марија Кири Склодовска”
Тео Ѓекиќ – СУГС „Марија Кири Склодовска”
Ана Марија Тенџеревска – СУГС „Браќа Миладиновци”
Марија Савеска – СУГС „Браќа Миладиновци”
Ерика Асанова – СУГС „Владо Тасевски”
Златко Марковиќ – СУГС „Владо Тасевски”
Гоце Таковски – СУГС „8 Септември”
Елена Стаменковска – СУГС „Здравко Цветковски”
Давид Субашевски – СУГС „Панче Арсовски”
Агон Ајдини – СУГС „Зеф Љуш Марку”
Никола Петровски – СУГС „Орце Николов”
Сотир Собралиев – СУГС „Михајло Пупин”
Лука Насевски – СУГС „Михајло Пупин”
Исра Сејфулла – СУГС „Цветан Димов”
Александар Филиповски – СУГС „Георги Димитров”
Лео Кeсeровиќ – СУГС „Георги Димитров”
Јовица Кекеновски – СУГС „Боро Петрушевски”
Марко Крстевски – СУГС „Боро Петрушевски”
Душко Димитровски – СУГС „Арсени Јовков”
Александар Јовановски – СУГС „Панче Караѓозов”
Ајла Муратовиќ – СУГС „Панче Караѓозов”
Васко Ѓорѓиевски – СУГС „Панче Караѓозов”
Даријан Шеќеров – СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”
Сара Незири – СУГС „Сарај”
Теодора Солздановска – СУГС „Кочо Рацин”
Лејла Потурак – СУГС „Лазар Танев”
Андреј Ѓорѓиевски – СУГС „Лазар Танев”
Tамара Kунцулова – СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“
Кристијан Поповски – СУГС „Никола Карев”
Тони Сали – СУГС „Шаип Јусуф”
Неџибa Азир – СУГС „Шаип Јусуф”

Инаку, манифестацијата се одржа под покровителство на градоначалникот Шилегов, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во земјава.