[Фото] Марш на скопските средношколци поради новиот модел на државна матура

Учениците од неколку скопски гимназии излегоа на протестен марш поради новиот модел на државна матура и начинот на кој се спроведува екстерното тестирање. Со креативни транспаренти „Нас не праша ли некој“, „Екстремно тестирање не е убаво“, „Воведете и кулинарство бидејќи не спрживте со законите“, тие порачаа дека ќе продолжат отворено да зборуваат за проблемите во образованието.

Маршот почна од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, а средношколците се движат кон гиманзијата „Орце Николов”.

Тие ги повикаа сите ученици, родители и граѓани да им се придружат и да им дадат поддршка на нивните барања.

Изминатиов периот во повеќе скопски училишта се одржуваа мирни собири меѓу часовите, кои имаа цел да ги алармираат надлежните за барањата на средношколците.

Претходно неделата со отворено писмо упатено до надлежните, средношколците од град Скопје аргументираа зошто е лош новиот концепт на државата матура.