[Фото] Кампување пред Влада

Ќе кампуваме се до оставка на Владата, велат демонстрантите кои по масовниот протест во Скопје поставија шатори пред владината зграда. Вечерва беа донесени камперски столчиња, душеци, ќебиња. На тревникот пред Владата се поставени триесетина шатори. Во кампот остануваат и дел од транспарентите од денешниот протест.