[Фото] Камперите пристигнуваат на Д фест

Посетителите на Д фестивал во голема бројка пристигнуваат во Дојран. Камперите веќе започнаа со поставување на своите шатори зафакајќи сенка. Сончевото време и веселите лица ја формираат одличната атмосфера која уште ова попладне почнува да се загрева.

Годинава се одржува деветтото, досега најголемо, издание на единствениот музички фестивал на отворено од 12-ти до 14-ти јули. Организаторите најавуваат тридневна, богата програма.

Повеќе од 50 музички ѕвезди на шест музички бини и над 100 уметници и креативци ќе учествуваат во бројните активности, перформанси и работилници кои ќе се одвиваат низ дваесетина различни зони.

Наредниве 4 дена ќе ви ја пренесеме фестивалската атмосфера. Следете нè на нашиот Инстаграм профил.

Георги Божиновски