Фото изложба „Искажи се преку фотографија, дискутирај, најди решение“

Членовите на Медиа/арт клубот на МОФ од Тетово ја најавуваат својата изложба насловена  „Искажи се преку фотографија, дискутирај, најди решение“. Младинскиот настан ќе се организира во среда, 24 декември со почеток во 19:30 часот во ЦБЦ Лоја Тетово.

Целта на настанот е да се прикажат проблемите со кои се соочуваат младите во општина Тетово, а како медиум за ова младите ја користат фотографијата. Во рамки на изложбата е планирано отворање дискусија со присутната публика на која ќе се бараат решенија за проблемите со кои се соочуваат тетовци.

На финалниот настан ќе бидат прикажани фотографиите кои ги изработија младите од клубот и се однесуваат на проблемот со паркинзите, велосипедските патеки и отпадот и дивите депонии во Тетово, но и лошата состојба на парковите.