[Фото] И стара када заврши во Охридското Езеро

Нуркачи на центарот „Акватек“ при редовна експедиција на Охридското езеро најдоа када.

Нејзе ја забележале на 100 метри од брегот помеѓу Срјшче и Мостот на Желбите, на длабочина од 5 метри.

„Некој си го реновирал клозетот. Секоја чест, Браво…“, гласи нивниот коментар на фотографиите кои ги објавија на нивната официјална Фејсбук страница.

Фотографиите се на Никола Паскали, член на Акватек и подводен археолог.

Нуркачкиот и едукативен центар „Акватек“ организира и е дел од експедиции како што се документирање и истражување на археолошки локалитети, техничко нуркање, истражување подводни пештери, акции за чистење подводни површини, разни обуки за рекреативни и технички нуркачи.